3.8 C
Skopje
вторник, 30 декември 2025

Среќа во несреќа за Јокиќ: Ќе паузира неколку недели, а не неколку месеци (Видео)

Никола Јокиќ не го доигра мечот против Мајами хит на кој Денвер загуби со 147:123 на гости. Првата ѕвезда на Денвер мораше принудно да го напушти теренот пред крајот на втората четвртина.

Мајами беше во напад, кога Спенсер Јонс не сакајќи го удри својот соиграч Јокиќ, а центарот на Денвер веднаш се струполи на теренот. Веднаш беше јасно дека Јокиќ е посериозно повреден. Тој се држеше за коленото.

Првичните претпоставки беа дека може да се работи за скинати лигаменти на коленото, што ќе значеше неколкумесечна пауза за Јокиќ. Сепак, првите информации велат дека Јокиќ ќе паузира неколку недели, а не неколку месеци, што значи дека повредата не е толку сериозна.

„Сè што знам е дека Јокиќ го повреди левото колено. На полувремето ја погледнав ситуацијата и изгледаше како Јокиќ да не може да ја помести ногата. Веднаш по контактот беше јасно дека нешто не е во ред“, рече тренерот на Денвер, Давид Аделман.

- Оглас -

Најнови вести