Среќа за Калјари е што го има Жоао Педро, Бразилецот даде повеќе голови од целиот тим

Жоао Педро повторно е стрелец за Калјари, по деветти пат во оваа сезона во Серија А, и тој е најзаслужен што тимот од Сардинија освои еден бод со реми 1:1 против Торино.

Бразилецот стрелаше прецизно во 53-тата минута и го поправи киксот на голманот Крањо и на стрелецот на автоголот Карбони, со кој Биковите од Торино поведоа со 1:0 во 31-вата минута.

Интересно, Педро во 16 кола има постигнато повеќе голови, девет, од остатокот на тимот на Калјари, а сите негови соиграчи заедно имаат 8 погодоци за клубот што е во опасната зона, на 18-тото место со 10 бода, колку што има и претпоследната Џенова и повеќе само од фенерџијата Салернитана.

- Оглас -

Најнови вести