Среќата и голманот ќе му донесат титула на Селтик во Шкотска

Селтик и Ренџерс одиграа 1-1 во глазговското „Олд Фирм“ дерби, кое како и секогаш, беше интересно и тензично, како на терен, така и на трибините. После овој меч, Селтик има шест бода предност, а до крај останаа само уште три кола.

Селтик го победуваше Ренџерс во претходните два меѓусебни лигашки дуели, но не успеа да го повтори успехот од 2003/2004 кога врза три по ред против лутиот ривал.

Жота кој го даде голот за Селтик, има 12 гола во сите натпреварувања сезонава, во шкотската Премиерлига има 9 гола и 9 асистенции, па веројатно фановите на Селтик би сакале тој да не игра за клубот како позајмен од Бенфика, туку да му биде откупен договорот.

Минатиот месец во купот на Шкотска, Ренџерс победи со пресврт во трилер меч, а и денеска ќе беше исто, но стативата и голманот Харт се испречија пред напаѓачите на Ренџерс.

Келтите се на добар пат да ја освојат десеттата титула во последните 11 сезони. Селтик е фокусиран само на домашната лига, додека Ренџерс треба да игра и во Лига Европа.

На трибините на „Селтик парк“ беше и англиската легенда Џон Тери, кој е фан на Селтик.

 

- Оглас -

Најнови вести