Српската Суперлига продолжува нормално, ќе се игра со публика!

Во време кога се откажуваат и се одложуваат секакви спортски натпревари и собири на јавни места низ Европа, Србите повлекоа обратен потег и мечевите од нивната фудбалска Суперлига за претстојниот викенд не само што не ги откажаа, туку средбите ќе се играат и тоа со публика на трибините.

Во Србија има забрана за мечеви во спортови во сала, но препораките на Министерството за здравје на Србија не важат и за спортовите на отворено, како фудбалот, па ако нема некои изненадни информации, првенството ќе си продолжи и тоа со присуство на публика. Засега непречено се игра фудбал со публика и во Турција и Украина, каде што нема многу заразени.

- Оглас -

Најнови вести