Српски одбојкари од политички причини не сакаат да играат во Струмица!

Екипата на Млади Радник од српскиот град Пожаревац го откажа своето учество на одбојкарскиот турнир од балканскиот БВА-куп во Струмица затоа што не сака да игра против косовска Приштина.

На турнирот на кој организатор е клубот Џио Струмица освен домаќинот, треба да играат уште еден тим од Турција и еден од Косово, како и Млади Радник, но Србите нема да дојдат на југоистокот на Македонија.

БВА-купот е натпреварување од кое победникот добива право во ноември да учествува во ЦЕВ челинџ купот, каде што за противник ќе има унгарски клуб.

- Оглас -

Најнови вести