Српскиот двоец и Ал-Хилал продолжуваат да „газат“, хет-трик за Кристијано Роналдо (Видео)

Двете најквалитетни екипи во првенството на Саудиска Арабија, Ал-Хилал и Ал-Наср продолжуваат да ги „газат“ своите противници. Ал-Хилал лесно и убедливо победи со 5-1 на домашен терен над Ал-Тае, а најзаслужен за победата беше кој друг, ако не Кристијано Роналдо кој дури трипати се запиша во листата со стрелците.

И покрај високата победа, Ал-Наср е далеку позади Ал-Хилал, кој има 12 поени предност и многу веројатно ќе дојде до шампионската титула во Саудиска Арабија.

Неверојатната серија на Ал-Хилал продолжи и вечерва, откако лидерот на табелата во првенството на Саудиска Арабија победи со 3-4 на гостински терен против Ал-Шабаб. Најзаслужен за победата беше српскиот двоец Митровиќ – Милинковиќ-Савиќ, чие дело беа три од четирите погодоци.

Митровиќ беше стрелец на два гола, едниод од пенал, додека Милинковиќ-Савиќ еднаш се запиша во листата со стрелците.

- Оглас -

Најнови вести