Српскиот голман нема среќа со навивачите на гостувањата

Српскиот голман Марко Дмитровиќ, кој брани за Севилја, неодамна мораше да се тепа со навивач на ПСВ Ајндховен од кого беше физички нападнат, а вечерва во Истанбул, навивачите на Фенербахе фрлаа предмети кон Дмитровиќ и еднаш го погодија во главата, па имаше и мал прекин на напнатата средба од Лигата на Европа.

Откако се смирија фановите на Фенер, мечот се доигра и Севилја се пласира во четвртфинале, иако загуби со 0-1, а Дмитровиќ бранеше со фластери на главата.

- Оглас -

Најнови вести