Српскиот стратег по само еден месец може да добие отказ во Серија А

По само еден месец поминат на клупата на Сампдорија, српскиот стратег Дејан Станковиќ е пред отказ. Сампдорија вчера загуби на свој терен од Лече, што е четврти неуспех во низа на екипата која сега падна на претпоследното место на табелата со само шест бода од 15 меча.

Италијанските медиуми пренесуваат дека по поразот од Лече, на стадионот „Луиџи Ферарис“ се случил хаос кога лутите навивачи ги блокирале излезите од стадионот и сакале да имаат средба со фудбалерите и директорот на клубот. Станковиќ не беше на клупата на овој меч поради суспензија и од трибините го гледаше поразот со 0:2 на неговиот тим.

Најавите се дека Станковиќ може да добие отказ, а на негово место да седне славниот италијански стратег Клаудио Раниери. Српскиот стратег кој на почетокот на оваа сезона си замина од Црвена ѕвезда, во Сампдорија дојде на 6 октомври и под негово водство екипата има две победи (една во Купот), едно реми и дури четири порази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести