Српските фанови бесни на фудбалерите: Едвај чекавте да испаднете, па да си одите на луксузни летувања

Фудбалерите на Србија неуспешно го завршија настапот на Европското првенство во Германија, а потоа секој замина на своја страна. Тие похрабрите, заедно со селекторот Драган Стојковиќ Пикси, се вратија во Белград по испаѓањето во групната фаза по поразот од Англија (1-0) и нерешените натпревари со Словенија (1-1) и Данска (0-0). Поголем дел од нив, не се појавија.

Со други зборови, заминаа на (не)заслужен одмор. Така, Александар Митровиќ ја помина првата слободна вечер по враќањето од ЕВРО 2024 во ноќна забава со сопругата Кристина и пријателите. Александар беше забележан како игра на хитовите на Цеца и музиката на Тања Савиќ.

Од друга страна, Лазар Самарџиќ и Немања Гудељ се упатија кон Ибица. Уживање на јахти, возење скутери, капење во морето и базените на луксузните хотели беа изборот на српските фудбалери за да ги наполнат батериите и да ги залечат раните.

Селекторот Драган Стојковиќ – Пикси, пак, замина од Србија и отиде кај семејството во Париз. Сето ова, заедно со нивното забавување по неуспехот, ги налути навивачите во Србија. Велат, како едвај да чекаа да испаднат од Европското првенство и да заминат на луксузни летувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести