Машката кошаркарска репрезентација на Србија, ја оправда фаворитската улога и го растури Порторико со 107-66, па дуелот со Јужен Судан во третото коло ќе решава дали Србите ќе бидат втори или трети во групата во која првото место е „резервирано“ за Американците.
Никола Јокиќ имаше 14 поени, 15 скока и 9 асистенции. На суперѕвездата на српскиот тим му фалеше уште една асистенција за да стане само четвртиот кошаркар кој направил трипл-дабл на олимписки натпревар. Србија до победата дојде со тимска игра, дури седум играчи имаа двоцифрен број на поени.