7.8 C
Skopje
петок, 30 јануари 2026

Срцето одлучи: Инсиње се врати после 14 години, ќе го спасува тимот од испаѓање од Серија Б!

Поранешниот напаѓач на италијанската репрезентација и европски шампион од 2021 година, Лоренцо Инсиње, се приклучи на италијанскиот клуб Пескара.

Инсиње кој има 34 години, се приклучи на последнопласираниот тим на табелата во Серија Б како слободен агент, потпишувајќи договор до крајот на сезоната и ќе го добие дресот со бројот 11.

Инсиње е легенда на Наполи, беше член на тој клуб од 2010 до 2022 година, а потоа прејде во канадски Торонто. Напаѓачот има играно за Пескара како позајмен играч во сезоната 2011/12. Таму соиграчи му беа уште две големи имиња на италијанскиот фудбал, Чиро Имобиле и Марко Верати. 

- Оглас -

Најнови вести