Норвешкиот атлетичар Јакоб Ингебриксен постави нов светски рекорд на 3.000 метри на митингот од „Дијамантската лига“ во Лозана. Фантастичен беше настапот на Ингебриксен кој успеа оваа делница да ја истрча за време од 7:17.55 минути, што е повеќе од три секунди подобро време од досегашниот рекорд на Даниел Комен.
Кениецот Комен дури 28 години суверено го држеше светскиот рекорд откако во Ријед истрча со време од 7:20.67 минути. Сега Ингебриксен покажа дека е во фантастична форма и трката ја истрча со време за атлетската историја.
На почетокот на овој месец, Ингебриксен на Олимписките игри во Париз го освои златниот медал на 5.000 метри. Тој сега е актуелен светски рекордер на 2.000 метри и на 3.000 метри на отворено, потоа на 1.500 метри во сала, а е и европски рекордер на 1.500 метри и една милја.