Младинскиот тим на Манчестер јунајтед како првопласиран се пласираше во осминафиналето од Лигата на шампионите откако во последното коло славеше на гостувањето кај Валенсија сo 2-1. Дуелот во Шпанија ќе остане запаметен во историјата на младинската Лига на шампиони откако за Манчестер јунајтед дебитираше Шола Шоретире.
Ултраталентираното дете кое има само 14 години 10 месеци и 10 дена стана најмладиот играч кој некогаш дебитирал во европските натпреварувања. Шоретире влезе во игра во 75-тата минута и во последните 15-тина минути покажа дека има иднина за „црвените ѓаволи“.