Стадионот ќе „крца“, Грузија ќе има поддршка од околу 60.000 гледачи

Грузиските навивачи со нетрпение го очекуваат утрешниот дуел против Македонија. Грузија е подготвена да се „одмазди“ за поразот од пред две години, кога Македонија на „Динамо арената“ славеше со 1:0, победа која ги однесе Црвено-жолтите на Европското првенство.

На тој меч во 2020 година стадионот беше празен затоа што тогаш уште владееше поголема опасност од пандемијата. Сега ситуацијата е поинаква. Трибините на „Динамо арената“ ќе бидат исполнети до последно место, што значи дека домашниот тим ќе има поддршка од околу 60.000 навивачи.

Сепак, Македонија досега покажала дека одлично игра и под притисок од трибините, па затоа атмосферата која ќе се создаде на трибините не треба да биде некој проблем за избраниците на селекторот Благоја Милевски да одиграат на високо ниво.

- Оглас -

Најнови вести