Стадионот на Реал Мадрид ќе може да се користи и за концерти, тенис, кошарка… (Видео)

Стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид ќе биде еден од најмодерните стадиони на светот откако ќе заврши неговата реконструкција која е во тек. Модерната технологија ќе му овозможи на Реал Мадрид да добие мултифункционален објект, па освен за фудбал, стадионот ќе може да се користи и за концерти и за други спортови, како тенис, кошарка, дури и хокеј на мраз.

Тревникот со помош на шини, за неколку минути ќе може да се извлекува во 30-метарска дупка под едната трибина и да се враќа повторно на место, стадионот ќе има подвижен кров и тоа ќе овозможи мултифункционалност на супермодерен објект кој ќе биде од 21 век.

Погледнете како ќе изгледа извлекувањето на теренот:

- Оглас -

Најнови вести