20.8 C
Skopje
вторник, 9 септември 2025

Стадионот „Петар Милошевски“ блеска, подготвен е да ја пречека Италија (Видео)

Фудбалска Битола е подготвена за големиот спектакл, гостувањето на Италија. Утре на реновираниот стадион „Петар Милошевски“ во Битола ќе се одигра квалификацискиот натпревар за ЕП 2027 меѓу младите селекции на Македонија и на Италија.

Стадионот блеска. Зборовите на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, се преточени во дело, нова трибина, ВИП ложа, нов оплеменет подтрибински простор, нови соблекувални и рефлектори кои ќе блеснат во полн сјај. Битола сега може да се гордее со репрезентативниот објект и ќе биде горд домаќин на младите селекции на Македонија и на Италија.

„Кога зборовите се дела! За рекордно краток рок, заедно со општина Битола успеавме да го претвориме стадионот ‘Петар Милошевски’ во гордост на Битола и дом на македонската репрезентација. Горд сум на сите што беа дел од овој процес“, објави претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

- Оглас -

Најнови вести