Стана стандард за Атлетико – Со голови во второ полувреме до нова победа во Ла Лига (Видео)

Атлетико Мадрид си има рецепт за победи со голови во второ полувреме, а и вечерва на тој начин го победи Алавес со 2:1.

Во првото полувреме фаворитот од Мадрид прикажа приспивна фудбалска претстава со малку шанси за гол, но во продолжението беше скршен отпорот на гостите од Баскија.

Саул Нигес погоди со удар со глава во 59. минута, а 12 минути потоа Коста беше прецизен од пенал за предност на фаворитот од 2:0.

Од пенал гол постигна и Алавес, стрелец беше Жоселу, но само за утеха за гостите кои сега имаат три порази по ред на 15. место во Ла Лига со 35 бода.

Атлетико го задржа третото место со 58 бода, зад Барселона и Реал Мадрид, кои имаат 11, односно 10 бода повеќе.

- Оглас -

Најнови вести