Ги трампаа еден за друг, па заедно славеа триплета – Станковиќ сега може да му биде лут ривал на Пандев

Тренерот на Црвена ѕвезда, според информациите, има шанса да го преземе кормилото на Сампдорија, што би значело дека ќе биде ривал со Горан Пандев во дербито на Џенова.

Роберто Д’Аверса е пред отказ во Сампдорија и наводно последна шанса за спас за да ја задржи позицијата тренер на шампионот од 1991 година му е победа против Салернитана, но дел од италијанските медиуми тврдат дека и тоа нема да го спаси и дека раководството на тимот од Џенова веќе бара нов кормилар.

Популарната Сампа е на 18-тото место само со 9 бода од 12 натпревари во Серија А во конкуренција на 20 клуба, што го вклучи алармот во клубот.

Имаат три порази по ред и сега тренерот на Црвена Ѕѕезда, Дејан Станковиќ, е меѓу главните кандидат за да го преземе кормилото на клубот.

Тоа би значело дека популарниот Деки би бил ривал на нашиот Пандев и на новиот тренер на Џенова, Андриј Шевченко, во големото градско дерби на Џенова.

Токму Пандев и Станковиќ беа во главната улога во јануари 2004 година, кога беа заменети во Интер и Лацио. Станковиќ замина во Интер, а Пандев дојде во трампата во Лацио.

Сепак, потоа заедно играа во шампионската генерација на Интер што во 2010 година ја освои триплетата, односно Скудетото во Италија, Лигата на шампионите и Купот на Италија.

 

- Оглас -

Најнови вести