Станковиќ ќе биде нов тренер на клуб од Серија А, ама тоа нема да биде Интер

Дејан Станковиќ се враќа на Апенините, но не како тренер на Интер, туку тој ќе ја предводи екипата на Сампдорија.

Српскиот стратег најверојатно ќе го замени Марко Џампаоло, кој е пред отказ, а раководството на Сампа покрај него ја разгледува и можноста за ангажман на Даниеле де Роси.

Џампаоло сè уште е тренер на Сампдорија, тим којшто има само два бода и се наоѓа на последното место во Серија А лигата, а јасно е дека раководството ќе мора брзо да реагира за да се избегне испаѓање во понизок ранг.

- Оглас -

Најнови вести