Станковиќ откри зошто Ѕвезда игра толку добро – денес е „еден во еден“ на српскиот првак

Црвена ѕвезда во двата меча со италијанскиот Милан покажа дека има квалитет да се носи и со најдобрите екипи во силните европски првенства. Црвено-белите два пати ремизираа против Росонерите и само поради помалку погодоци на гости беа елиминирани од Лигата на Европа.

Тоа што е добро за тимот на Дејан Станковиќ е дека продолжи серијата без пораз, која трае повеќе од четири месеци, односно 24 меча. Последен пат Ѕвезда загуби од Хофенхајм во Лигата на Европа на 22 октомври. Од тогаш до сега нареди 18 победи и само шест нерешени.

Кога се работи за домашното првенство, Ѕвезда е доминантна. Тимот на Станковиќ со 20 победи и само две нерешени без пораз. Партизан е втор со три бода помалку, но и два меча повеќе одиграни. Попладнево Ѕвезда на свој терен игра против Пролетер.

Во последните седум меча на Ѕвезда и Пролетер, српскиот гигант секогаш победувал, па и сега се очекува сигурна победа, а дилемата треба да биде решена уште во првото полувреме. Станковиќ откри дека нема да игра со комбиниран тим како што некои очекуваат.

„Нема потреба од комбиниран состав и да се одмораат играчите. Ние сме екипа која се подготвува да одигра три натпревари во една недела, па против Пролетер ќе играат најдобрите. Подготвени сме за секој меч. Освен три бода против Пролетер, ништо друго не доаѓа во опција. Добро функционираме во сите линии од теренот, едноставно сме точни како часовник. Тоа е нашиот адут“, рече Станковиќ, кој додаде дека му е жал што не успеале да го елиминираат фаворизиранито Милан, но и дека не смее играчите „да летнат во облаци“, туку концентрирани да ги играат сите следни дуели.

 

- Оглас -

Најнови вести