Станува интересно во Торино, Сити рутински си ја врши работата

Кристијано Роналдо со својот 23-ти гол против Атлетико Мадрид ја преполови негативата на Јувентус во двобојот со мадридските „јорганџии“, на чиј стадион ќе се игра финалето во Лигата на шампионите, а на стартот на второто полувреме некогашниот голгетер на Реал повторно ја затресе мрежата на Облак и предизвика делириум од радост кај домашните фанови.

Во првото полувреме, Роналдо даде гол со глава по центаршут на Бернардески и сега има 123 во кариерата во ЛШ, а Атлетико во својата клупска историја има 118.

Во четвртата минута, по вина на Роналдо, не беше признат гол за Јуве. Португалецот го фаулираше противничкиот голман Облак пред Кјелини да ја затресе мрежата на гостите. Италијанскиот првак има уште 40-тина минути да се обиде со уште еден гол да се пласира понатаму. Ако Атлетико даде гол, на Јуве ќе му требаат уште два погодоци. Јуве доминира и има голем посед на топката.

Во Манчестер нема возбудувања како во Торино. Таму домашните се доминантни, а дополнителен мир им донесоа двата гола на Агуеро и еден на Сане, па сега вкупниот резултат е 6-2 за Сити. На Шалке му требаат пет гола, што е научна фантастика.

- Оглас -

Најнови вести