Стар познаник на Барселона ќе ја дели правдата на „Енфилд роуд“

Џунејт Чакир ја доби довербата на УЕФА да го суди утрешниот меч меѓу Ливерпул и Барселона, во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите. Барселона има залиха од 3-0 и е фаворит за пласман во финалето, но Ливерпул сигурно нема да се предаде без борба на свој терен.

Турскиот арбитер ѝ е добро познат на Барселона бидејќи веќе осум пати судел на мечеви на коишто играл каталонскиот гигант. Последен пат тоа се случи сезонава, во осминафиналето против Лион на гости, во ремито без голови. Лани Чакри судеше на средбата Барселона против Челзи на „Стемфорд бриџ“ (1-1), а бил главен арбитер и на дуелите против: Рубин Казањ (1-1), Бенфика (победа 2-0), Рома (победа 6-1), Арсенал (победа 2-0).

Најзначајната победа на Барселона со Чакир на теренот е во финалето на ЛШ во 2015 година, кога Каталонците со 3-1 беа подобри од Јувентус. Во лошо сеќавање им е ремито против Челзи (2-2) во полуфиналето од ЛШ во 2012 година, бидејќи Барселона со тој резултат беше елиминирана поради поразот од 1-0 на втората средба во овој двомеч.

 

- Оглас -

Најнови вести