Старата дама полека, ама сигурно чекори кон врвот во Серија А

Јувентус рутинскија победи Болоња со 2:0 во меч од 19. коло во Серија А и полека, но сигурно ја топи разликата во бодови што ја има во однос на миланското дуо Милан и Интер и со Рома.

Летното засилување од Барселона, Артур го псотигна првиот гол во дресот на Старата дама, а во 15. минута имаше и среќа, погоди противнички играч и топката го смени правецот, заврши во мрежата на Скорупски за 1:0.

Деветтата победа по ред во меѓусебните дуели со Болоња ја потврди Вестон МекКени со погодок во 71. минута. Интересно е што ова е четвртиот меч од последните шест со денешниот ривал што Јувентус го добива со резултат од 2:0.

Актуелниот првак на Италија сега се израмни со Аталанта со 36 бода на делба на четвртото место, но Јувентус има меч помалку во однос на сите пет водечки екипи во Италија.

Милан е прв со 43 бода, пред Интер со 41, Рома со 37, Јувентус и Аталанта имаат по 36, а Наполи со два меча помалку е на шестото место со 34 бода.

Кандидати за титулата се уште и Лацио со 31 бод и Сасуоло со 30 како дел од октетот најдобропласирани екипи во Серија А.

 

- Оглас -

Најнови вести