Старт за во затвор: Мала казна е црвениот картон за Жезус (видео)

Бразил се пласира во полуфиналето на Копа Америка благодарение на Лукас Пакета кој со единствениот гол ја направи разликата во мечот против Чиле. Кариоките ќе играат против Перу во битката за големото финале, а во тој меч селекторот Тите нема да смета на Габриел Жезус кој беше исклучен поради непромислен старт.

Набрзо по водечкиот гол на Пакета, напаѓачот на Сити во обид да освои топка се залета кон противникот и со копачката директно го удри во лицето, па беше јасно дека ќе му биде покажан црвен картон. За негова среќа Бразилците издржаа со играч помалку на теренот.

https://streamable.com/ihy0m6

- Оглас -

Најнови вести