Статистика која најавува француско финале во ЛШ

За првпат од 1991 година, полуфиналето во Лигата на шампионите ќе се одвива без претставници од Англија, Шпанија и Италија. Две германски и две француски екипи останаа да се борат за пехарот со големите уши, тоа се Баерн Минхен и Лајпциг, односно ПСЖ и Лион.

Едно сценарио најавува германска битка во финалето за првпат по 2013 година, втора опција е да има по еден претставник од двете земји, но една статистика наговестува дека шансите се големи да гледаме француско финале во Лисабон.

https://twitter.com/OptaJean/status/1294975006980681729

Во последните три дуели на француски и германски екипи во нокаут фазата, екипите од земјата на актуелниот светски првак редовно биле победници.

ПСЖ во два наврати бил подобар од германски тим. Против Леверкузен во осминагиналето во сезоната 2013/14, и оваа сезона против Дортмунд во истата фаза. Монако беше подобар од Дортмунд во сезоната 2016/17 во четвртфиналната фаза.

Полуфиналните парови се ПСЖ – Лајпциг (18 август) и Баерн Минхен – Лион (19 август).

- Оглас -

Најнови вести