На синоќешниот натпревар од француското првенство помеѓу Брест и Ница, голманот на домашните, Готје Ларсонер, за малку ќе си постигнеше невиден автогол, со кој дефинитивно ќе се најдеше на многу шпици за најсмешни фудбалски потези.
Сантиметри фалеа 23-годишниот Ларсонер од мртов агол да си ја затресе сопствената мрежа која треба да ја чува, топката му мина преку нога и тргна во непосакуван правец, но стативата беше негов сојузник и спречи невиден срам и катастрофа која голманот никогаш немаше да си ја прости.
Погледнете:
https://twitter.com/i/status/1346927762792087552