Стефан Чолаковски има нов клуб

Поранешниот македонски младински репрезентативец Стефан Чолаковски е нов член на австралискиот клуб Перт глори, со кого потпиша двегодишен договор. Чолаковски, кој е роден во Австралија, досега играше за Мелбурн сити.

„Возбуден сум и горд што потпишав за Перт глори. Едвај чекам да почнам. Од првиот момент кога се заинтересираа за мене, знаев дека ќе биде вистинскиот клуб. Перт е клуб со долга традиција и историја, еден од најреспектираните во Австралија“, изјави 22-годишниот напаѓач.

- Оглас -

Најнови вести