Поранешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски, по четири ипол години во Динамо Загреб, минатото лето се пресели во еден од најголемите босански клубови, Сараево.
Нашиот фудбалер дојде како големо засилување, но по неколку месеци е разочаран од случувањата во првенството на Босна и Херцеговина. Ристовски вели дека екипите немаат ист третман, а судиите се катастрофа.
„Првенството е интересно, има добри играчи, млади, талентирани … Ако не ни дозволат да играме фудбал, тогаш ништо нема смисла. Не зборувам дека некој треба да биде фаворизиран. И судиите може да направат грешки, но ги молам да нѐ пуштат да играме фудбал, па нека победи подобриот. Гостувањата … Ниту едно не беше рамноправен меч. Јас прв би честитал на противникот ако е подобар, но со намера се уништуваат натпреварите. Лигата би била многу поинтересна ако се среди судењето. Ова нема смисла. Луѓето вложуваат пари, утре ќе си заминат. Срамно е како судиите се однесуваат кон играчите, такво нешто во кариерата немам ниту видено ниту слушнато да се однесуваат така лошо. На Кошево е во ред судењето, но кога ќе излезете надвор од Сараево … Сараево и Железничар се најголемите клубови во БиХ, а не се прашуваат за ништо. Тоа е исто како Динамо и Хајдук ништо да не се прашуваат, а да се прашува на пример Вараждин. Немој да не заеб*вате.“ – вели Стефан Ристовски.
Сараево во моментов е на четвртата позиција на табелата со девет бода заостанување од лидерот Зрињски, но и натпревар повеќе.

