Стефан Ристовски е херојот на Динамо Загреб, кој во 95-тата минута се најде во вистинско време на вистинско место и со гол донесе победа од 1-2 на тешкото гостување против Осиек.
Нашиот фудбалер по натпреварот не го криеше задоволството од постигнатиот гол, што значеше и победа за Модрите од Загреб.
„Среќен сум и горд што конечно и јас дадов гол. Мило ми е поради победата на ова тешко гостување. Мило ми е бидејќи верувавме до самиот крај. Имаме победнички менталитет и мора така да продолжиме“, рече Стефан Ристовски по мечот против Осиек.