Стефано Пиоли: Целта е Милан да игра во ЛШ

Калчолигашот Милан официјално го претстави својот нов тренер Стефано Пиоли, кој потпиша двегодишен договор со Rосонерите. Пиоли, кој не беше добро примен од навивачите, бидејќи наводно е навивач на Интер, смета дека секој има право да критикува, но тоа ќе го користи како стимул и мотивација плус.

„Во Милан доаѓам со голем ентузијазам и пасија. Сигурен сум дека заеднички ќе направиме добра работа. Ги почитувам навивачите на Милан кои ме критикуваат, но тоа е само стимул плус за мене. Јас немам профил на социјалните мрежи, сакам на луѓето да им кажувам сè во лице. Имаме важни десет дена, секој момент треба да се искористи“, рече Пиоли.

Марко Џампаоло, кој беше сменет вчера, за Пиоли е добар тренер, но со различна филозофија.

„Тој е добар тренер и многу поразличен од мене. Ќе се обидам моите идеи да ги спроведам што е можно побрзо. Сакам да играме фудбал во кој сите ќе уживаат. Ќе се адаптирам на играчите кои се тука. Ќе барам интензитет и бескрупулозност. Треба да растеме како тим. Целта ни е да се пласираме во ЛШ“, вели Пиоли, кој наскоро ќе наполни 54 години.

- Оглас -

Најнови вести