Стефон Касл блесна на првиот ден од ол-стар викендот и обезбеди дуел против ѕвездите во НБА лигата

Рукитo на Сан Антонио спарс, Стефон Касл, постигна 12 поени и го предводеше Тимот Ц до победа со 25-14 против Тимот од Џи-лигата во финалето на „Rising Stars“ во петокот, обезбедувајќи место на главниот натпревар на ол-стар викендот.

Овој турнир го означи почетокот на Ол-стар викендот во „Чејс Центар“ во Сан Франциско, домот на Голден Стејт сориорс.

Во брзото финале, во кое првиот тим што ќе постигне 25 поени победува, Тимот Ц, предводен од легендарниот тренер Крис Малин – губеше со 12-8, но направи пресврт и триумфираше.

Нивната награда е големиот предизвик на неделниот Ол-стар натпревар, кој годинава ќе биде организиран како мини-турнир со два полуфинални дуели и финале, во кое целта е да се постигнат 40 поени.

Победниците од „Rising Stars“, составени од најдобрите играчи од првата и втората сезона во НБА, ќе се соочат со ол-стар тимот на Шекил О’Нил, кој вклучува суперѕвезди како Леброн Џејмс, Стеф Кари, Кевин Дурант, Џејсон Тејтум, Џејлен Браун, Демијан Лилард, Кајри Ирвинг и Џејмс Харден.

Касл, кој беше прогласен за најкорисен играч (МВП) на „Rising Stars“, со нетрпение го очекува предизвикот.

„Сите сакавме да играме во недела“, изјави Касл, кој му асистираше на Кијонте Џорџ од Јута Џез за победничката тројка.

„Сите сакавме да победиме. Бевме во негатива рано во мечот, но се вративме и триумфиравме“, дополни тој.

Тој имаше и порака за ѕвездите на НБА кои ќе настапат на ол-стар мечот.

„Подгответе се за нас“, рече Касл. „Не нè отпишувајте. Дојдовме да победиме.“

- Оглас -

Најнови вести