Стерлинг како дете навивал за Манчестер јунајтед

Англискиот репрезентативец Рахим Стерлинг, кој сега го носи дресот на Манчестер сити, откри дека кога бил дете, навивал за градскиот ривал на клубот чиј член е во моментов. Стерлинг, кој има 24 години, сезонава со 17 гола и 10 асистенции на 34 настапи придонесе за титулата во Премиер лигата.

Но, интересно е што Стерлинг иако бил фан на Јунајтед, во кариерата игра(ше) за најголемите ривали на „црвените ѓаволи“, Ливерпул и Манчестер сити.

„Во 2007 година бев на ‘Вембли’ да го гледам финалето на ФА купот меѓу Челзи и Манчестер јунајтед. За мене тоа беше неверојатно искуство. Веројатно не треба да го кажам ова баш сега, но еве ќе откријам, во тоа време бев голем навивач на Јунајтед. Носев дрес на тој тим“, изјави Стерлинг, кој на „Вембли“ се нашол со подарок билет кој се делел во неговото училиште. Затоа, Рахим неодамна подари 550 билети за децата од истото училиште за полуфиналниот меч на Сити и Брајтон.

- Оглас -

Најнови вести