Стигна честитка и од човекот кој ги бранеше боите на двата вчерашни ривали (фото)

Лука Модриќ, ѕвездата на Реал Мадрид, преку социјалните мрежи ја честитапе историската победа на својот матичен клуб Динамо Загреб, против тимот чии бои бранеше четири години.

Хрватскиот играч за врска играше во дресот на Тотенхем од 2008 до 2012 година, токму од Динамо го направи својот трансфер во Северен Лондон, па иако е гордост на двата клуба, Модриќ не криеше за кого навиваше во овој двомеч.

„Браво момци“, напиша Модриќ на фотографијата на која фудбалерите на Динамо се радуваат, па испрати и посебен поздрав до херојот Мислав Орсиќ.

- Оглас -

Најнови вести