Стигна ВАР и во Босна и Херцеговина, но таму се апсат судии за наместени мечеви

Најмалку осум луѓе се уапсени денеска во Босна и Херцеговина по акцијата која ја спроведе полицијата под назив „ВАР“, а е наменета за повеќе фудбалски судии кои се под сомнение дека учествувале во наместени мечеви.

Осомничените се под сомнение дека прекршиле неколку членови на кривичниот закон на БиХ, а на товар им се става организиран криминал, злоупотреба на службената позиција, примање подароци и други видови добра од кои се стекнале со противправна корист.

Пол лупа најмногу се мечеви кои се играле минатата сезона во Првата лига на БиХ. Покрај судии, меѓу осомничените има и делегати и други лица кои се дел од фудбалската федерација. Од Федерацијата порачаа дека тие се за да се расчистат сите криминали кои ќе бидат утврдени.

„Фудбалската федерација на БиХ безрезервно ја поддржува акцијата и сите активности на полицијата што се во согласност со законот во земјата“, стои во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести