Главната борба од УФЦ фајт најт 159 помеѓу Јаир Родригес и Џереми Стивенс во Мексико сити, траеше само 15 секунди, па разочараната публика која очекуваше спектакл, а не виде ништо, почна кон октагонот да фрла со шишиња со вода, додека вистинска канонада од фрлени шишиња и други предмети имаше кога Американецот Стивенс со бројно обезбедување одеше кон соблекувалната.
Una locura completa fue la que se vivió luego de que se parara la pelea entre Yair Rodríguez y Jeremy Stephens pic.twitter.com/2z0L4ILRE2
— Pato Zúñiga (@pato_zuniga12) September 22, 2019
Само што почна борбата, не поминаа ниту 15-тина секунди, кога Родригес несакајќи го закачи Стивенс по окото. Лекарите чекаа пет минути, но Стивенс не можеше да го отвори, па мораше да ја предаде борбата. Стивенс веднаш побара реванш и рече дека ќе биде подготвен за една или две недели, но на Родригес сега не му се брза.
https://www.youtube.com/watch?v=ykCBlK9La3c