Стјуардите објаснија зошто го казнија Фетел, Ферари ќе се жали

Екипата на Ферари најави дека ќе се жали по одлуката на стјуардите, да го казни Себастијан Фетел со 5 секунди казна, поради која германскиот возач ја загуби победата на трката во Монтреал, за големата награда на Канада. Фетел прв помина низ целта, но Луис Хамилтон кој заостана само две секунди зад него, беше победник благодарение на казната за противникот. Од Ферари се револтирани што на ваков начин ја загубија трката и ќе се жалат.

По трката, Фетел самиот себе се прогласи за победник.

Во меѓувреме, стјуардите кои се креатори на победата на Хамилтон, дадоа објаснување зошто била доделена казната од пет секунди.

„Болидот со број 5 ја напушти патеката, а потоа се врати, но тоа го направи на несигурен начин, па друг болид беше загрозен. Според Артикл 38,1 до ФИА Формула 1 спортската регулација тоа е недозволено. Затоа е казната од пет секунди. Болидот со број 5  ја напушти патеката на третиот свиок, а потоа на 4 свиок несигурно повторно се врати на патеката, но го принуди болидот со број 44 да излета од патеката, како би избегнал судар“, стои во објаснувањето на стјуардите.

Целата ситуација поради која Фетел беше казнет, може да ја погледнете ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести