По завршување на трката: Фетел направи потег за паметење и сам се прогласи за победник (Видео)

Себастијан Фетел прв ја заврши трката на патеката во Монтреал, а сепак, на крајот беш второпласиран на пиедесталот. Тоа е така бидејќи германскиот возач доби пет секунди казна поради еден инцидент во 48-миот круг. Тие 5 секунди беа доволни за Хамилтон, кој влезе како втор, на крајот да се радува на победата.

По завршувањето на трката, Фетел беше многу лут, не сакаше да даде ниту изјава, а кога одеше кон местото каде што требаше да биде прогласен за втор, успеа од пред болидот на Хамилтон да го тргне знакот со бројот 1 (наменет за победникот) и да го стави бројот 2 кај Мерцедес, додека единицата заврши на местото наменето за неговиот болид.

https://twitter.com/F1/status/1137815365885542401

https://twitter.com/F1/status/1137809990016782338

- Оглас -

Најнови вести