Митревски имаше одбрана како пантер, со атрактивноста парира на голот на Стоилов (Видео)

Никола Митревски е херојот на Порто во победата на ПИК Сегед во меч од ракометната Лига на шампиони. Репрезентативниот голман беше феноменален и ги сопре противничките играчи само на 19 погодоци, за победа на Порто од 25:19. Митревски мечот го заврши со 15 одбрани и беше прогласен за играч на мечот.

Посебно феноменална беше онаа одбрана кога играчите на ПИК Сегед сакаа да постигнат ефектен погодок со цепелин. Сепак, наместо гол, видовме пантерска одбрана на македонскиот голман.

Оваа одбрана на Митровски доаѓа во ист ден со неверојатниот погодок што го постигне Стојанче Стоилов во победата на Вардар против Фленсбург. Голот на капитенот на Вардар може да го видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести