Стоилов започнува со процес на рехабилитација

Македонскиот репрезентативец и капитенот на ракометниот европски првак, Стојанче Стоилов, веќе не чувствува болка во коленото кое го оперираше пред 10-тина дена. Стоилов ја издржа пеколната клупска сезона, а потоа беше на располагање и на селекторот Данило Брестовац во квалификациите за пласман на Европското првенство. Откако ја освои европската титула на фајнлфор турнирот во Келн, Стоилов помогна и Македонија да се пласира на Европското првенство, а потоа замина на операција на коленото.

Сега, информациите се дека Стоилов се чувствува одлично и дека започнува процес на рехабилитација.

- Оглас -

Најнови вести