Стојановски: Победа и гол против Вардар, нема ништо поубаво

Влатко Стојановски игра неверојатно добро сезонава и од денеска е прв стрелец во нашата Прва Лига, со 12 погодоци.

Младинскиот репрезентативец на Македонија ја затресе мрежата на Филип Гачевски во 74. минута и ја потврди убедливата победа на Ренова од 4:0. Патем и го прескокна Бесарт Ибраими на врвот на листата со најдобри стрелци за еден погодок.

„Да го победите Вардар, кој е наш најтрофеен клуб со 4:0 н е е мала работа. Притоа постигнав и гол, што само додаде шлаг на убавиот ден и големата победа. Сепак најважно е што ги освоивме бодовите“, вели Стојановски за Спорт Манија.

Шпицот на Ренова има голем напредок во кариерата, веќе е меѓу најдобрите играчи во нашата лига и од денеска и најдобар стрелец. Сепак скромно  вели дека неговите голови се плод на тимскиот дух и големата помош од соиграчите.

„Нормално е за напаѓач да сака да постигне што повеќе голови, но ако нема поддршка и помош од соиграчите тоа тешко оди. Во Ренова се чувствувам одлично, а секако на секој гол му се радувам како да е прв“, додава 21-годишниот шпиц на Ренова.

- Оглас -

Најнови вести