Стојановски: Во првиот дел одигравме тактички зрело, но потоа физички паднавме во второто полувреме

Помошник селекторот на Македонија, Роберт Стојановски кој ја имаше улогата на предводник на националниот тим на дуелот против Украина е разочаран по еден ваков пораз. Стојановски беше предводник поради суспензијата на селекторот Благоја Милевски

„Честитки за гостите, иако мислам дека победата не им е баш најзаслужена. Се работи за менталитет. Честитки и за нашите момци кои покажаа една тактички зрела игра во првиот дел, во второто полувреме физичкиот дел ни направи големи проблеми и затоа паднавме. За да се одигра меч од овој ранг потребни се играчи кои играат во своите клубови. За жал ние иако имаме квалитетни фудбалери не добиваат соодветна минутажа во клубовите. Тоа е што е Мислите ни се за дуелот против Англија“, рече Стојановски.

- Оглас -

Најнови вести