Данска и Србија ќе играат меч кој е да се биде или не за двете репрезентации. Србите прават калкулации како би стигнале до посакуваното осминафинале и со евентуално реми, но селекторот Драган Стојковиќ, најавува офанзивна игра против опасниот ривал.
„Данска е опасен ривал, а нивниот квалитет се виде и во првите две кола во кои не загубија. Ова е многу важен меч за нас. Добро е што играме во 21 часот кога има најдобри временски услови. Расположени сме и во позитивна атмосфера го чекаме овој дуел. Не смееме да му дозволиме на противникот во првите 15-20 минути да доминира. Ние треба да го направиме тоа. Точно е дека во дуелите со Данска имаме само порази, но зошто таа низа не заврши сега и конечно ние да се радуваме. Се уште размислувам дали да започнеме со еден или двајца напаѓачи“, рече селекторот на Србија, популарниот Пикси.
Од данскиот табор најавија дека се подготвени на сите можни сценарија и дека се свесни дека мора да бидат фокусирани до последната секунда, затоа што се потврди дека голови може да бидат постигнати буквално во последните секунди од средбата.