Стојковиќ: Најважно е да го сопреме Белингам

Селекторот на националниот тим на Србија, Драган Стојковиќ, е сигурен дека младата ѕвезда на Англија, Џуд Белингам, еден ден ќе ја освои „Златната топка”. Србите за прв пат се на финалето на Европското првенство како самостојна нација и го започнуваат своето учество на турнирот против Англичаните, кои се сметаат за фаворити.

„Подобро е Белингам да не игра, но да видиме вечерва“, се пошегува српскиот селектор.

„Тој е одлично момче, тој е идната „Златна топка“. Импресивно е како игра и што покажа во дресот на Реал Мадрид. Многу е млад, но и многу моќен и треба да бидеме внимателни“, предупреди Драган Стојковиќ.

„Треба да го затвораме просторот, да не му дозволиме да игра слободно со топката и да освојува терен пред себе. Треба да бидеме многу внимателни во одбраната, да ги спречуваме опасните ситуации“, додаде Пикси.

Исто мислење сподели и капитанот на Србија, Душан Тадиќ.

„Џуд е одличен играч, еден од најголемите таленти. Дефинитивно ќе биде една од најголемите закани за нас и треба да направиме сè што можеме за да го спречиме“, истакна Тадиќ.

- Оглас -

Најнови вести