-2.2 C
Skopje
сабота, 17 јануари 2026

Стојковиќ: Против Португалија и Романија треба да дадеме 200 отсто ако сакаме да победиме

Еден од оние кои водеа голема битка на теренот против Данска секако е пикерот Марко Стојковиќ. Младиот 22-годишен ракометар одигра фајтерски против Данска, а успеа да постигне и еден гол во поразот од 36:24.

Стојковиќ вели дека одлично е чувството да се игра во сала пред 15.000 гледачи, а и покрај убедливиот пораз од Данска, пикерот е уверен дека Македонија може да ја помине групната фаза.

„Мора да сфатиме дека Данска се светски и олимписки прваци. Дадовме максимум, секако дека тие беа подобри. Имаме уште многу за играње на ова ЕП. Сега фокусот ни е на Португалија. Убаво беше да се игра пред полна сала, 15.000 гледачи. Сите што влеговме, го дадовме максимумот. Фокусот е да бидеме 200 отсто добри против Портигалија и против Романија, ако сакаме да одиме во другата рунда“, рече Стојковиќ по синоќешниот пораз на Македонија во првото коло од Европското првенство.

Следен противник на Македонија е Португалија на меч кој ќе се игра в недела во 18 часот, а дуелот против Романија ќе биде на 21 јануари.

- Оглас -

Најнови вести