Македонскиот голман Столе Димитреиевски е најзаслужен што Рајо Валјекано не прими гол во првото полувреме на гостувањето кај Лас Палмас.
Димитриевски во 34-та минута му одбрани пенал на Мунир Ел Хадади, и резултатот остана оној почетниот, 0-0. Инаку, ова е четврти одбранет пенал на Столе во дресот на Рајо, што претставува клупски рекорд, ниеден друг голман на малиот мадридски клуб не одбранил толку многу пенал како кумановецот.
Погледнете како Столе го прочита некогашниот голем талент на Барса:
https://twitter.com/i/status/1716075869687443962