Актуелниот шпански првак Реал Мадрид ќе гостува кај Мајорка во првото коло од новото првенство во Шпанија кое ќе започне во средината на август. Според распоредот, македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски со новиот клуб Валенсија ќе стартува на домашен терен против Барселона.
На „Местаља“ Димитриевски ќе може да ги покаже своите квалитети и да ја продолжи одличната традиција со негови одлични одбрани во дуелите против каталонскиот гигант. Додека беше во Рајо Валјекано, Димитриевски неколку мечеви успеваше да одолее на фуриозниот напад на Барселона.
Новата сезона треба да започне на 15 август, а да заврши на 25 мај 2025 година. Според распоредот, првото Ел Класико во новата сезона ќе треба да се одигра на 27 октомври, а Реал Мадрид ќе биде домаќин против Барселона на „Сантијаго Бернабеу“.
And just like that, #LALIGAEASPORTS begins again…🔥
🗓🚨 Check out the matches to be played in the first gameweek!
— LALIGA English (@LaLigaEN) June 18, 2024