Столе и Рајо ќе осигураат битка за пласман во шпанската елита

1320 Рајо Валјекано – Луго (21ч)

Последното коло во шпанската Втора лига треба да го донесе последниот тим кој ќе се бори во разигрувањата за пласман во елитата, а по сите изгледи ќе биде тоа Рајо Валјекано на нашиот репрезентативец Столе Димитриевски. Рајо е шести на табелата со два бода повеќе од Спортинг Хихон, што значи дека со евентуален триумф домаќините ќе ја исполнат зацртаната цел.

Домаќините ги очекува тешка битка ако се знае дека Луго се бори за опстанок и моментално е над црвената зона со ист број на бодови како и Логронес (44). Луго славеше во првиот меч сезонава против Рајо, меѓутоа како гостин памети четири порази и само едно реми против тимот на Димитриевски, а сега не време да се остварува првото големо изненадување.

Предлог тип: 1X & 1-3 (1.80)

 

1701 Нант – Тулуз (18ч)

Нант е поблиску до задржување на прволигашкиот статус со победата од 2-1 во првиот меч на гостувањето кај Тулуз. Со фактот дека Нант како домаќин ги доби последните четири меча против Тулуз, лесно може да се предвиди нов поволен резултат за домаќините.

Иако Нант не негува добра форма со само една победа, три порази и реми во последните пет меча кои ги одигра на домашен терен, оваа шанса не смее да се пропушти за опстанок во француската елита.

Во последните 10 меѓусебни средби на овие две екипи, само трипати не одиграле со голови на двете страни.

Предлог тип: 1X & 2>1 (2.50)

 

1536 Рио Аве – Арука (20ч)

Со убедливата победа од 3-0 Арука ја потврди страшната форма и покажа дека заслужува да се врати во португалскиот фудбалски крем. Триумфот во првиот меч беше 10-ти во низа за Арука, па не е тешко да се предвиди дека Рио Аве не може да се надигрува со високото расположение на гостите кои практично со една нога се вратија во Примеира.

Во прволигашки рамки овие две екипи се сретнаа вкупно осумпати, а Арука бележи само еден гостински триумф против Рио Аве. Вечерва и да не победат гостите, важно им се за не примат повеќе од три гола.

Предлог тип: 0-1I & 0-2II (1.53)

 

1902 Волфсбергер – Австрија Виена (17ч)

Австрија Виена на потешкиот начин е на прагот да обезбеди пласман во квалификациите за Лигата на конференции, што треба да го потврди вечерва со оглед на тоа дека ја доби првата пресметка со 3-0 против Волфсбергер.

Во меѓусебните дуели претходно сезонава, двете екипи приредуваа фешта од голови во кои Волфсбергер двапати славеше со 3-2 дома и 5-3 на гости. Сепак, кога влогот е поважен тимот од Виена успеа да се реваншира за тие порази и попладнево треба да спречат евентуално торпедирање на својот гол за да избори европско лето.

Предлог тип: ГГ3+ (1.79)

 

1024 Блекпул – Линколн (16ч)

Блекпул се радуваше на пласман во Чемпионшип последниот пат кога играше финале во плејофот од Лига 1. Тоа беше во сезоната 2006/07, а некогашниот премиерлигаш по 14 години пауза повторно дојде на „Вембли“ за да го направи истиот подвиг.

Линколн пак повеќе од половина век чека да се врати во вториот ранг на англискиот фудбал и се чини дека ќе почека барем уште една година за камбек во Чемпионшип. Блекпул е во подобра форма со четири победи и реми во последните пет меча, додека пак во меѓусебни дуели, двете екипи делат по две победи и едно реми во последните пет средби, во кои во четири од нив имало два или повеќе гола.

Предлог тип: 1X & 2+ (1.88)

 

- Оглас -

Најнови вести