Чудо е Столе во Ла Лига, им забрани на екипите од Барселона да му ја затресат мрежата

Столе Димитриевски по петти пат сезонава не прими гол во меч од Ла Лига, а двете гостувања на екипи од Барселона минаа во неуспешни обиди да му ја затресат мрежата.

Денеска репрезентативецот на Македонија ја одбрани својата мрежа во победата на Рајо Валјекано од 1:0 против Еспањол, а истото го стори и против Барселона во финишот на октомври, кога бранеше извонредно во триумфот од 1:0.

Со автоголот на Леандро Кабрера, Рајо ги освои бодовите и се проби на шесттото место во Ла Лига со 27 бода, што е извинреден учинок за клубот од Мадрид.

Димитриевски и соиграчите се на врвот на табелата кога се во прашање натпреварите на домашен терен и освоија 22 од можните 24 бода на 8 натпревари. Имаат извонреден ефект од 7 победи и само едно реми на популарниот „Валјекас“ во Мадрид.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести