Столе не издржа во финишот да ги сочува трите бода за Рајо

Рајо Валјекано ќе мора да се задоволи со реми од 1-1 по гостување кај Кадис во рамки од 32-рото коло во Втората шпанска лига. Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски се најде меѓу диреците на гостинската екипа и беше во обид да врзе два меча без примен гол.

Сепак, Столе не издржа во финишот, Алваро израмни за домаќините во 85-тата минута, па така залудно пропадна водечкиот гол на Трехо од 52-рата минута.

Рајо Валјекано воедно пропушти прилика да се доближи до местата кои водат во разигрувањата за пласман во шпанската елита. На 10 кола до крајот на регуларниот дел, Рајо стои на осмата позиција со 44 бода.

- Оглас -

Најнови вести