Столе нема да успее повторно да ја зачува мрежата против Реал

1009 Лутон – Манчестер јунајтед (17.30)

Манчестер јунајтед влезе во победнички ритам, има три победи во низа во Премиер лигата и е голем фаворит денеска да дојде до четвртиот триумф. Црвените ѓаволи на последните три меча постигнаа девет гола (4:3 против Вулверхамптон, 3:0 против Вест хем и 2:1 против Астон вила). Лутон во претходното коло пред своите гледачи загуби со 1:3 од последнопласираниот тим на табелата Шефилд јунајтед.

Предлог тип: 2 & 1+ пол.  (2.14)

 

1306 Рајо Ваљекано – Реал Мадрид (14.00)

Фудбалерите на Реал Мадрид добро го паметат првиот дуел меѓу овие два тима кој се играше на „Сантијаго Бернабеу“ кога ги излуде Столе Димитриевски. Единицата на македонската репрезентација имеше неколку фантастични интервенции со кои не дозволи Реал да слави (0:0). За очекување е овој пат Столе да не успее да се одбрани од налетите на Кралевите. Згора на тоа, Рајо Ваљекано се наоѓа во серија од три порази во низа и тоа со идентичен резултат 1:2 (Мајорка, Севиља и Атлетико Мадрид). Реал минатата недела со убедливи 4:0 ја победи Жирона, а во вторникот славеше и против Лајпциг во осминафиналето на ЛШ. Одличната форма на Кралевите треба да биде пресудна за исходот на денешниот дуел.

Предлог тип: 2 & 1+ I & 1+ II (2.40)

 

3613 Монца – Милан (20.45)

Росонерите победија на последните три меча во сите натпреварувања и со евентуален триумф денеска, ќе го прескокнат Јувентус на второто место на табелата во Серија А. Монца на последните два меча во Серија А одигра без голови против Верона и Удинезе, но затоа Милан е ефикасен на гости. Росонерите на гостувањата во 2024 година во Серија А постигна девет гола на три меча (3:2 против Фросиноне, 3:2 против Удинезе, 3:0 против Емполи). Се очекува Росонерите да продолжат со ефикасните натпревари.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.06)

1808 Фрајбург – Ајнтрахт (15.30)

И двата тима немаат победа во последните неколку кола во Бундеслигата, но головите се задолжителни на нивните натпревари. Фрајбург на последниот меч пред своите гледачи загуби со 1:3 од Штутгарт, додека Ајнтрахт пред три дена одигра 2:2 против Унион Сен Жил во Лигата на конференции. Четири од последните пет меѓусебни натпревари беа ГГ 3+.

Предлог тип: ГГ прво/второ (2.30)

 

3009 Емполи – Фиорентина (15.00)

Фиорентина се наоѓа во лоша серија во 2024 година, одигра шест меча во Серија А и загуби на дури четири, а има и по едно реми и победа. Единствениот триумф беше остварен над Фросиноне (5:1). Емполи е во серија од четири натпревари без пораз во Серија А (има по две победи и ремија). Фиорентина е меѓу најефикасните екипи во Серија А со 36 постигнати голови (петта најефиканска), додека одличната форма на Емполи во месецов гарантира дека е има голови денеска на „Карло Кастелани“ стадионот.

Предлог тип: Х2 & ГГ (2.35)

- Оглас -

Најнови вести